Услови и правила за користење

Услови и правила за користење на Ricci.mk

Ricci.mk е современ веб страна за електронска трговија кој е во сопственост на Риччи 1441 ДООЕЛ Струга (во понатамошниот текст: Риччи 1441).

Ricci.mk е веб страна која можат да ја користат физички и правни лица кои ги прифаќаат Условите за користење на овој сајт.

Ricci.mk им дава можност на правните лица да можат да тргуваат ( купуваат или продаваат ) производи преку интернет, без да креираат нивна посебна интернет продавница.

Купување преку веб страната е достапно за сите правни и физички лица на возраст од 18 години или повеќе. Доколку купувачот е на возраст под 18 години, можат да ја користат веб страната www.ricci.mk, под надзор на родител или старател кој исто така внимателно ги прочитал и се согласува со Условите за користење.

Корисникот е одговорен за заштита на неговите лични податоци како што се: е-маил, корисничко име, лозинка или други информации кои ги доставува преку формулари кои ги потполнува за регистрација или нарачки на системот.

Корисникот се согласува да добива нотификации и билтени ( newsletter ) на неговата е-маил адреса со која се има регистрирано на веб страната www.ricci.mk.

Риччи 1441 го задржува правото да ги анализира податоците од страна на правни лица или физички лица кои се регистрираат како купувачи на веб страната www.ricci.mk.

Риччи 1441 го задржува правото да ги анализира податоците од страна на правни лица кои се регистрираат како продавачи со цел да ја користат услугата продавање на производи на веб страната www.ricci.mk. По извршување на анализата на податоците секое правно лице ќе биде известено по електронски пат или телефон во рок од 5 работни дена за понатамошните активности дали ќе може да ја користи услугата за продавање на производи или не. Доколку правното лице има право да ја користи услугата за продажба на производи со користење на веб страната www.ricci.mk, мора да ги почитува правата за ажурирање на податоците за производите, личните податоци како и податоците за фирмата.

Риччи 1441 може да го одземе правото на правното лице за користење на услугата за продажба на производи на веб страната www.ricci.mk, со тоа што се обврзува дека во рок од 5 работни дена со образложение преку електронски пат или телефон ќе го извести правното лице или физичкото лице на кое му е одземена таа услуга за користење.

Интернетот во 21 век претежно е безбедно место, но понекогаш можат да се случат непосакувани настани кои се надвор од контрола на техничките лица кои го одржуваат системот www.ricci.mk. Доколку се случат некои непосакувани настани од страна на трети лица на системот, корисниците се согласуваат дека Риччи 1441 нема да сноси одговорност за таквите настани. Риччи 1441 се труди веб страната www.ricci.mk да биде достапен 100% од времето, но може некогаш да биде и надвор од употреба поради надоградба на системот, други активности или настани поврзани со веб страната www.ricci.mk.

Секој корисник е одговорен за преземените активности при користењето на www.ricci.mk. Исто така, секој корисник се согласува да ја обештети и нема да ја смета за одговорна фирмата Риччи 1441, за активности кои можат да произлезат од противзаконското користење и прекршувањето на Условите за користење на оваа веб страна од страна на самиот корисник или друг корисник.

Со користење на оваj веб страна, се смета дека внимателно сте ги прочитале Условите за користење и дека сте согласни со нив. Ако не се согласувате со ниту еден од Условите за користење, Ве молиме престанете да ја користите оваа веб страната веднаш.

За какви биле прашања во врска со Условите и правила за користење, контактирајте не на следнава е-маил адреса: support@ricci.mk, и се надеваме дека во најкраток можен рок ќе ви одговориме на вашите прашања.

Риччи 1441 го задржува правото еднострано да ги менува Условите и правила за користење во согласност со законодавството на Република Северна Македонија. Сите промени што ќе бидат направени, истите ќе бидат објавени во делот на Услови и правила за користење на веб страната www.ricci.mk.

Регистрација на www.ricci.mk

Кога се регистрирате на www.ricci.mk како продавач:

  1.  Внесете важечки податоци за Вашата или компанијата во која сте вработени
  2.  Внесете и користете само легална, пристојна и искрена содржина

Продавачите имаат можност да внесуваат производи на веб страната www.ricci.mk. Кога се внесува производ:

  1.  Не е дозволено да се внесуваат производи кои не се дозволени за продажба според Законите во Македонија
  2.   Не е дозволено да се поставуваат исти производи од исти продавач повеќе од еднаш
  3.  Вашиот производ треба да биде поставен во категорија која најдобро го опишува
  4.  Производот може да биде распределен во најмногу 3 категории/под-категории
  5.  Доколку се внесува стандарден производ тогаш може да прикачена 1 слика како насловна, најмногу 5 слики како галерија за производот

По внес на податоците за производот, тие се процесираат од страна на технички лица во Риччи 1441. Производот може да биде одобрен или да не е одобрен за продажба на веб страната со тоа што доколку производот не е одобрен, тогаш продавачот од производот кој не е одобрен ќе биде детално известен.

Продавачите се согласуваат дека навремено ќе ја ажурираат залихата на производите кои што се објавени на веб страната.

Кога се регистрирате на www.ricci.mk како купувач:

  1.  Можност за регистрација преку вашиот Facebook или Google профил
  2.  Можност за регистрација преку формуларот кој се наоѓа во делот за “Регистрирај се”.
  3.  Внесете важечки податоци за Вас
  4.  Внесете и користете само легална, пристојна и искрена содржина

Обврска за ажурирање на податоци за купувачи и продавачи

  1. Редовно ажурирање на личните податоците – купувачи и продавачи
  2. Редовно ажурирање на податоците за Вашата или фирмата во која што сте вработени – продавачи
  3. Редовно ажурирање на податоците на производите – продавачи

Однесување на продавачи и купувачи на www.ricci.mk

При користење на веб страната www.ricci.mk на корисниците (купувачи и продавачи) им е забрането:

  1.  Да внесуваат линкови до други веб страни
  2.  Веб страната www.ricci.mk да биде употребена за цел која е нелегална, неморална или спротивно на закон
  3.  Да поставуваат содржини или пак да бидат преземени активности што ја нарушуваат или ограничуваат функционалноста на хардверот или софтверот на www.ricci.mk, како и да преземаат какви било активности за неовластен пристап до веб страната и функционалностите на www.ricci.mk
  4.  Да даваат лажни или нејасни информации кога се пополнуваат формуларите на веб страната www.ricci.mk
  5.  Да се регистрираат под лажен идентитет

Испорака

Нарачаните производи се доставува од 2 до 10 работни дена од процесирање на нарачката. Трошоците за испорака се на терет на договорената страна од понудувачот на производот и купувачот.

Производите за која е направена нарачка се испорачани до купувачот преку фирмата со која Риччи 1441 има склучено договор за поштенски услуги. Доколку Риччи 1441 нема договор склучено со фирма за поштенски услуги тогаш самиот продавачи дефинира по која пошта ќе ги испраќа производите.

Рекламации

Доколку сте направиле нарачка, но нарачката не Ви е испорачана, Ве молиме да не контактирате:

  • support@ricci.mk
  • +389 76/529-008

Заштита на приватност

Ние ги собираме само потребните, основни информации за клиенти/корисници и информациите потребни за бизнис и за информирање на корисниците во согласност со добрите деловни навики и со цел да се обезбедат квалитетни услуги. Ние им даваме можност на избор на корисниците вклучувајки ја и одлуката за тоа дали сакаат да бидат избришани од e-маил базата кои се користат за маркетинг кампањи. Сите податоци за корисници/купувачи се строго доверливи и се достапни само на вработените кои имаат потреба со таквите информации да ги извршуваат своите должности.

Кога ќе влезат деталите за платежната картичка, чувствителни информации се пренесуваат преку јавните мрежи во заштитена(енкриптирана) форма. Сигурноста на податоците при купување, го гарантира процесот со платежна картичка Халк Банка на Република Северна Македонија. Во ниеден момент податоците за платежната картичка не се достапни за нашиот систем.