Политика на приватност

Политика на приватност

Заштита на личните податоци

Со цел да се процесира вашата нарачка потребни ни се Вашите име, презиме, адреса, град, e-маил и телефон. Преку доставените податоци, продавниците ќе бидат во можност да направат испорака на нарачаните производи, како и да ве известат за статусот на нарачката. Од наша страна ветуваме дека приватноста на сите наши клиенти/купувачи ќе биде зачувана и заштитена. Потребни ни се само основните информации за нашите клиенти/купувачи заради информирање во согласност со добрите деловни навики и со цел да се обезбедат поквалитетни услуги. Нашите корисници имаат избор вклучувајќи ја и одлуката за тоа дали сакаат да бидат избришани од е-маил базата. Сите информации за клиенти/корисници се строго доверливи и достапни само за вработените на кои им се потребни за извршување на работата.  Ние се обврзуваме дека собраните податоци не ги користиме во било која друга цел, ниту ги споделуваме со трети лица.

Според наведеното, собираме, анализираме и ги обработуваме податоците за производите кои нашите корисници ги бараат и ги купуваат, како и страницата која ја посетуваат. Тие податоци и информации ги  користиме со цел да ја подобриме нашата понуда и изгледот на нашиот сајт, за да можете полесно да го користите, за поквалитетно и побезбедно шопинг искуство.

Забрана за употреба на лица под 18 години

Купување преку веб страната е достапно за сите лица на возраст од 18 години или повеќе. Доколку купувачот е на возраст под 18 години, можат да ја користат веб страната www.ricci.mk, под надзор на родител или старател кој исто така внимателно ги прочитал и се согласува со Условите за користење.