Започнете го вашиот бизнис за е-трговија со нас и заработете.

Бидете дел од најголемиот онлајн шопинг центар Ricci Shopping Mall.

Ние сме вашиот партнер за е-трговија

Од веб продавница, маркетинг, нарачки преку Интернет, до испорака, ние креираме алатки за менаџирање на процесите за независни продавници. Краен резултат? Сопствена брендирана продавница на Интернет, маркетинг, комуникација со клиенти, следење на нарачки...

Редовни купувачи

Нашите експерти за маркетинг ги посочуваат вистинските клиенти за вашата продавница, а потоа ги придвижуваат да прават нарачки со доследна комуникација.

Онлајн продажбата

Управување со нарачките и маркетингот на Интернет никогаш не било полесно. Нашиот посветен тим е на повик за вашата продавница и клиенти, целиот ден и секој ден.

Потреби

Нашето искуство ни овозможи да се фокусираме на продавници како вашата. Ние разбираме што му треба на вашиот бизнис во областна на онлајн трговијата - пр. креирање на промоции и купони, управување со нарачки, достава на нарачки...

Цена за продавница

Ние ви нудиме интернет бизнис, наплата по нарачка без надомест за инсталација, месечна претплата или трошок за маркетинг. Повлекување е можно во секое време, нема проблем. Ние наплаќаме доколку добиете нарачки.

Еве што добивате со Ricci

Online Website
Веб продавница

Ваша брендирана продавница. Поставување на неограничен број на производи.

Marketing
Маркетинг

Комуникација со корисниците преку емаил, текст и маркетинг кампањи за претставување на вашите производи и можности за нарачка.

Support
24/7/365 Поддршка

Ние ги поддржуваме вашите клиенти и вработени во секое време преку телефон, е-пошта и разговор преку апликација.

Dashboard
Работна табла

Производи, aнализа на продажба, попусти, купони и многу повеќе. Вашата работна табла има алатки преку кои лесно ќе менаџирате со вашата продавница.

POS Integration
ПОС Интеграција

Едноставно управување со продажба и залиха на производите во вашата продавница без дополнителни трошоци - Ricci ПОС.

Delivery
Ricci Достава

Добијте прифатлива, квалитетна услуга за испорака и можност за следење на пратки - без стрес во вашето работењето.

Ricci Marketplace
Ricci Пазар

Вашата продавница и производи заслужуваат да бидат видени од страна на милион корисници кои го користат Ricci Shopping Mall.

ЧПП

О: Ricci им нуди на продавниците технологија и маркетинг како што користат големите компании, се на едно место. Од веб продавница, маркетинг, нарачки преку Интернет, до испорака, продавниците можат да го користат комплетно решение за онлајн продажба на Ricci за прифатлива цена.

О: За да започнете соработка со Ricci Вие треба само да се зачленете како продавач преку формата за Регистрација на www.ricci.mk. Потоа чекате одобрување од нашите администратори за да можете да започнете со уредување на вашата продавница. Вашето одобрување се процесира од 6 до 12 часа. Ricci го надгледува секој ваш чекор за додавање на производи. Штом ги внесете вашите производ и истите ќе бидат испратени на преглед и одобрување на тимот за обработка на производи.

О: Секако! Без скриен трошок за услугата, тимот на Ricci ќе ја отвори вашата веб продавница, со податоци за вашиот бизнис, слика и ваши производи со промоција и маркетинг.

О: Ricci ги поддржува локалните бизниси. Ние ви нудиме интернет бизнис, наплата по нарачка без надомест за инсталација, месечна претплата или трошок за маркетинг. Повлекување е можно во секое време, нема проблем. Ние наплаќаме доколку добиете нарачки.
Вие потпишувате договор на неопределено време што значи дека договорот можете да го прекинете во секое време.

О: Риччи 1441 ДООЕЛ има склучено договор со фирмата ДелЦо ДООЕЛ за користење на поштенски услуги. Начинот на достава на производите е според шема База-Адреса. Тоа значи дека Вие ги доставувате производите за кои е направена нарачка на www.ricci.mk до канцелариите на ДелЦо во вашиот град. Потоа тимот ја презема нарачката за да ја достави до бараната адреса. Вашите производи се следат преку софистициран систем за поштенски услуги, па така во секој момент нашиот тим има прегледност на која локација се наоѓаат вашите производи. Вие исто така имате можност да ги добивате информациите за локацијата на вашите производи при достава. Кога производите ќе бидат испорачани до адресата на купувачот вие ќе бидете известени за успешно испорачаните производи.